Угостителски објекти во Грција затаиле приход од над пет милиони евра
- Независната управата за јавни приходи на Грција открила 14 угостителски објекти кои преку платформите за достава на храна и неиздавањето фискални сметки затаиле приход од над пет милиони евра

Атина, 19 август 2022 (МИА) – Независната управата за јавни приходи на Грција открила 14 угостителски објекти кои преку платформите за достава на храна и неиздавањето фискални сметки затаиле приход од над пет милиони евра, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, угостителските објекти не издале 449.000 сметки за нарачки во висина од 5,15 милиони евра, а со тоа на даночните служби не им исплатиле 592.000 евра за ДДВ.
Најголем приход од откриените бизнис, имало кафуле на Крит, кое од 2019 до 2020 година, не доставило даночни пријави и ДДВ, со што прикрило приход во вкупна вредност од 1.440.000 евра.
Слична била праксата и во ресторани, пицерии, кафулиња и слично во повеќе делови на Грција во периодот меѓу 2017 и 2020 година. ср/зш/