• четврток, 06 март 2025

Турција планира да гради ѕид на границата со Грција

Турција планира да гради ѕид на границата со Грција

Анкара, 5 март 2025 (МИА) – Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер.

- Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри, истакна Сезер, чија покраина граничи со Грција и со Бугарија.

Тој додаде дека другите делови од ѕидот би требало да бидат подигнати подоцна долж копнената граница помеѓу Турција и Грција, долга околу 200 километри.

Мигрантите се обидуваат да стигнат до Грција од Турција, главно по морски пат. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан