Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни од три до пет и пол години
- Руски суд осуди тројца поранешни адвокати на рускиот опозиционер Алексеј Навални на неколку години затвор под обвинение за учество во екстремистички активности.
Moсква, 17 јануари 2025 (МИА) - Руски суд осуди тројца поранешни адвокати на рускиот опозиционер Алексеј Навални на неколку години затвор под обвинение за учество во екстремистички активности.
Адвокатите Вадим Кобзев, Алексеј Липцер и Игор Сергунин беа осудени на затворски казни од три до пет и пол години, објави руска новинска агенција.
Истовремено, им е изречена забрана за вршење адвокатска дејност во период од три години.
Навални ненадејно почина на 16 февруари минатата година во затворска колонија во арктичкиот дел на Русија, а Кремљ ги отфрли обвинувањата на неговите приврзаници дека опозицискиот политичар е убиен. рп/
Фото: МИА архива