• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тројцата повредени од пожарот во Кочани пристигнаа во болницата во Солун (ДПЛ)

Тројцата повредени од пожарот во Кочани пристигнаа во болницата во Солун (ДПЛ)

Атина, 16 март 2025 (МИА) – Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево пристигнаа во Солун и се хоспитализирани во болницата Папаниколау, потврдија за дописничката на МИА од Атина извори од болницата.

Според истите информации, станува збор за лица на млада возраст, кои се приклучени на апарати.

Информацијата дека тројцата повредени пристигнаа во болницата во Солун ја потврди и министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, објавувајќи линк од грчки медиуми на платформата Икс.

Солунскиот портал „Тестивал“ објави видео и фотографии од пристигнувањето на трите амбулантни возила, кои според грчките медиуми пристигнале околу 17.30 по локално време.

Претходно, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос во разговор со дописничката на МИА од Атина, потврди дека тројца повредени ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, која располага со одделение за изгореници со четири кревети, а денеска биле испразнети три за да бидат хоспитализирани повредените. ср/ссм/

Фото/ Видео: Тестивал

 

Остани поврзан