Три медали за каратистите на Макпетрол на Балканското првенство во Љубљана
- Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на Макпетрол на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што викендот се одржа во Љубљана.

Љубљана, 20 ноември 2023 (МИА) - Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на Макпетрол на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што викендот се одржа во Љубљана.
Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована Мицовска, пак, со женскиот тим во борби освои бронза.
Каратистите на Макпетрол ги освоија медалите во највозрасната категорија на помлади сениори (У21).
На најмасовното и најквалитетното регионално првенство учествуваа 1.007 каратисти со 1.078 натпреварувачки влезови од 13 држави, од нив 102 македонски каратисти, односно 108 натпреварувачки влезови. зс/