• среда, 27 ноември 2024

Трипуновски: Ќе се распише нов оглас за вработување во МЗШВ, потребна е поголема транспарентост

Трипуновски: Ќе се распише нов оглас за вработување во МЗШВ, потребна е поголема транспарентост

Тетово, 26 јуни 2024 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски најави дека ќе има нов оглас за вработување што го стопирал во времето на техничката Влада.

Трипуновски ова го најави од денешната теренска посета на земјоделските површини во општините Тетово и Јегуновце каде имаше штети од невремето во неделата.

-Огласот за вработување го стопирав од едноставна причина, зашто беше распишан во предвечерието на формирање на техничка влада. Знаете дека власта што замина секој момент го користеше за политичка злоупотреба, манипулација, притисок, залажување на граѓаните и сметам дека секој граѓанин во државата заслужува на една транспарентна постапка да учествува и да биде избран по своите квалификации, а не по партиска припадност и затоа тој оглас го стопирав. Во наредниот период по сондажата на Министерството и согласно потребите, ќе биде распишан и ќе бидат избрани најчесните кадри без разлика на партиска, верска или каква било припадност, изјави Трипуновски. ас/мч/

фото: МИА 

Остани поврзан