• четврток, 26 февруари 2026

ДЗС: Ставен под контрола пожарот над Морани, општина Студеничани

ДЗС: Ставен под контрола пожарот над Морани, општина Студеничани

Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Ставен е под контрола пожарот, што избувна вечерва над скопското село Морани, во општина Студеничани. 

Како што информира Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), пожарот се очекува набрзо да биде изгаснат. 

- Упатени се екипи и противпожарните „пинцгауери“. Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. мд/са/

фото: ДЗС 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан