Трета титула во низа за Реал во шпанскиот Суперкуп
- Кошаркарите на Реал вечерва во Мадрид ја победија Барселона со 72:67 (18:14, 13:18, 19:17, 22:18) во Суперкупот на Шпанија.

Мадрид, 13 септември 2020 (МИА) – Кошаркарите на Реал вечерва во Мадрид ја победија Барселона со 72:67 (18:14, 13:18, 19:17, 22:18) во Суперкупот на Шпанија.
Факундо Кампацо со 21 поен му помогна на Реал Мадрид да ја освои третата последователна и вкупно седма титула во ова натпреварување.
Барселона остана на шест трофеи.
Кај каталонскиот клуб најефикасен беше Никола Миротиќ со 22 поена. зс/