• понеделник, 20 април 2026

Развојот на фудбалот и младите таленти во фокус на средбата Мицкоски - Чеферин

Развојот на фудбалот и младите таленти во фокус на средбата Мицкоски - Чеферин

Скопје, 16 април 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на која станало збор за визијата, развојот и за перспективите на фудбалот.

На средбата, како што напиша премиерот Мицкоски во објава на „Фејсбук“, биле разменети мислења за унапредување на условите за развој на спортот, како и за создавање нови можности за младите фудбалски таленти.

- Продолжуваме со силна посветеност кон создавање услови за напредок, инвестиции и нови можности за младите таленти - истакна Мицкоски. дма/вј/

Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски 

Остани поврзан