• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите кои користат информации од „анонимни извори“

Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите кои користат информации од „анонимни извори“

Вашингтон, 26 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите, новинарите и уредниците кои се повикуваат на „анонимни извори“.

Ќе гонам некои од овие автори и уредници на нечесни книги, па дури и медиуми, за да откријам дали овие „анонимни извори“ постојат или не, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social).

Тој најави дека е можно да се донесе и „НОВ ЗАКОН“ за тоа. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан