Макрон му се закани на Иран со санкции поради обвиненијата за шпионажа против Французи
- Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го предупреди Иран дека Париз ќе преземе реципрочни мерки доколку Техеран не се откаже од обвиненијата за шпионажа во полза на Израел против двајца француски државјани кои со години се во ирански затвор.
Париз, 4 јули 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го предупреди Иран дека Париз ќе преземе реципрочни мерки доколку Техеран не се откаже од обвиненијата за шпионажа во полза на Израел против двајца француски државјани кои со години се во ирански затвор.
Макрон ги нарече обвиненијата „провокација“, „навреда“ и „неприфатлив чин на агресија врз Франција“. Тој најави дека наскоро ќе разговара со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Изјавите ги даде за време на посетата на департманот Авејрон, каде што додаде и дека сака брзо постигнување на трговски договор меѓу ЕУ и САД, со што пониски царини би важеле за размена на стоки. ссм/
фото: архива