• недела, 09 март 2025

Трамп рече дека му било полесно да преговара со Русија отколку со Украина

Трамп рече дека му било полесно да преговара со Русија отколку со Украина

Вашингтон, 7 март 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека му е полесно да преговара со Русија отколку со Украина.

„Вашингтон ќе ја прекине помошта за Киев доколку тој не е подготвен да го реши конфликтот преку преговори“, предупреди тој пред новинарите во Белата куќа.

Трамп го изјави ова во момент кога неговата администрација се обидува да постигне мировен договор меѓу Русија и Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во меѓувреме соопшти дека имал „конструктивен разговор“ по телефон со американскиот државен секретар Марко Рубио, со кого разговарале за претстојната средба меѓу делегациите на двете земји следната недела во Саудиска Арабија.

„Украина сака војната да заврши, а американското раководство е суштински фактор за постигнување траен мир. Разговаравме и за начините за развој на нашата билатерална соработка“, напиша Сибиха на „Икс“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан