• петок, 08 ноември 2024

Трамп: Победата на демократите би значело економски колапс

Трамп: Победата на демократите би значело економски колапс
Вашингтон, 18 август 2020 (МИА) - На почетокот на виртуелната конвенција на Демократската партија со главен настан номинација на претседателски кандидат на партијата, претседателот на САД, Доналд Трамп денеска оддржува предизборни митинзи во Минесота и во Висконсин. Трамп зборуваше пред поканети поддржувачи, обвинувајќи го неговиот очекуван изборен противник дека е послушник на „левичарските фашисти“. Американскиот претседател предупреди дека евентуална победа на опозициската партија во ноември, би значело отворени граници и економски колапс. Тој, исто така, додаде дека никој нема да биде безбеден ако Бајден ги води САД, оти тој и неговата изборна партнерка Камала Харис, биле против полицијата и го поддржувале криминалот. Претседателот денеска патува во Аризона, а за два дена се очекува да биде во Пенсилванија, за кога е закажан говорот на Бајден за прифаќање на демократската номинација за претседател. кб/ми/

Остани поврзан