• понеделник, 25 ноември 2024

Трамп ненадејно излезе од болница и ги поздрави своите приврзаници

Трамп ненадејно излезе од болница и ги поздрави своите приврзаници
Вашингтон, 5 октомври 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп накратко излезе од воената болница „Волтер Рид“, во која е хоспитализиран поради коронавирус, и од автомобил ги поздравил своите приврзаници. - Претседателот Трамп кратко се провози во колона возила со цел да ги поздрави своите приврзаници пред болницата и веднаш се врати во претседателскиот апартман во медицинскиот центар „Волтер Рид“, соопшти Белата куќа по „кратката прошетка“ на американскиот претседател. Тој е забележан во колоната возила, која полека минала покрај болницата, каде биле собрани негови приврзаници. https://www.youtube.com/watch?v=lrP7sPo8Yj4 Своето ненадејно излегување го снимил и го објавил во кратко видео на Твитер. - Мислам дека малку ќе ги изненадиме некои големи патриоти кои се на улица, напишал Трамп на Твитер и им заблагодарил на лекарите. Новинарите акредитирани во Белата куќа упатија критики до Трамп бидејќи не биле известени за неговото кратко и ненадејно излегување од болницата. - Ова е преседан претседателот да ја напушти болницата, дури и на кратко, среде здравствена криза без мерки, и да им се овозможи на американските граѓани да знаат каде е нивниот претседател и како е тој. Американската јавност сега заслужува повеќе од кога било да биде независно информирана за претседателот и да добие вистинска информација за неговото здравје, се наведува во соопштението на новинарите. Невообичаено е новинарите кои се акредитирани во Белата куќа да не го следат движењето на шефот на државата. гт/

Остани поврзан