Трамп најавува царини за ЕУ, планира царини од 10 отсто за Кина од 1 февруари
- Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за ЕУ и дека неговата администрација разгледува опции да воведе царина од 10 отсто за стоки увезени од Кина од 1 февруари.
Вашингтон, 22 јануари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за ЕУ и дека неговата администрација разгледува опции да воведе царина од 10 отсто за стоки увезени од Кина од 1 февруари.
Говорејќи пред новинарите во Белата куќа, претседателот на САД рече дека веќе наметнал големи царини за Кина за време на неговиот прв мандат. Тој додаде дека ЕУ и другите земји, исто така, имаат вознемирувачки трговски дисбаланс со САД.
„Европската унија е многу, многу лоша за нас“, рече Трамп.
„Значи, наскоро ќе биде предмет на царини. Тоа е единствениот начин... да има правда“, додаде американскиот претседател. зш/
Фото: ЕПА