• среда, 25 декември 2024

Трамп најавува трговски договор со ЕУ до ноември

Трамп најавува трговски договор со ЕУ до ноември
Давос, 22 јануари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Давос изрази очекување дека САД ќе склучи трговски договор до претседателските избори во неговата земја, во ноември. - Почнуваме преговори, рече Трамп, повторувајќи ја неговата оценка дека со минатиот договор САД биле третирани „ужасно неправедно“. - САД изгубија 150 милијарди долари и повеќе во текот на изминатите години поради Европската унија, смета Трамп. - Тие имаат трговски бариери зад кои не може да се тргува. Тие имаат давачки насекаде. Тие прават невозможни нешта. Искрено, потешко е да се прави бизнис со нив, отколку со Кина. Сè што треба да направите е да го прашате Борис (британскиот премиер Џонсон), истакна Трамп. Тој уште посочи дека има „ужасни односи“ со Светската трговска организација и најави потег, кој според него „ќе биде многу драматичен“. ссм/  

Остани поврзан