• вторник, 18 февруари 2025

Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19

Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19

Вашингтон, 15 февруари 2025 (МИА) - Училиштата, колеџите и сојузните американски држави кои бараат од учениците да се вакцинираат против Ковид -19 ризикуваат да го изгубат федералното финансирање според новата наредба на Белата куќа потпишана од претседателот Доналд Трамп.

Наредбата не се очекува да има значително национално влијание, бидејќи задолжителните вакцини против Ковид-19 во голема мера се укинати во училиштата и колеџите низ САД, а многу сојузни држави донесоа закони за забрана.

Регулативата му наложува на Министерството за образование и здравство да подготви план за суспендирање на задолжителната вакцинација против Ковид-19.

Сите американски држави сè уште бараат од училишните деца да се вакцинираат против голем број заразни болести. Регулативата се однесува исклучиво на вакцините против Ковид-19. 

Целта на уредбата е да се испрати порака до гласачите на Трамп дека е исполнето ветувањето од претседателската кампања. паг/

Фото: МИА архива
 
 

 

Остани поврзан