• четврток, 20 февруари 2025

Трамп му наложи на Министерството за правда да ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Трамп му наложи на Министерството за правда да ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Вашингтон, 19 февруари 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му наложил на Министерството за правда да ги отпушти сите преостанати обвинители од времето на Џо Бајден, нагласувајќи дека одделот бил „политизиран како никогаш досега“.

„Мораме веднаш да ја „исчистиме куќата“ и да ја вратиме довербата. Златното доба на Америка мора да има фер правосуден систем - ТОА ПОЧНУВА ДЕНЕСКА“, наведе Трамп во објавата на социјалната мрежа „Truth Social“. зш/

Остани поврзан