• сабота, 23 ноември 2024

Тошковски - Чалкли: Зајакнување на билатералните односи и натамошна соработка од заеднички интерес

Тошковски - Чалкли: Зајакнување на билатералните односи и натамошна соработка од заеднички интерес

Скопје, 9 јули 2024 (МИА) - Во рамки на посетата на владината делегација на Вашингтон, на Самитот на 75 годишнината од НАТО денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се сретнал со Мари Чалкли, в.д. заменик помошник секретар за меѓународни работи при Одделот за внатрешна безбедност на САД.

На средбата, соопштија од МВР, се разговарало за повеќе теми кои се од клучно значење за нашата земја.

- Дискутиравме за важноста на граничната безбедност, како за Македонија така и за регионот, и ја потенциравме потребата за постојано подобрување и разменување на искуства и најдобри практики. Се согласивме дека од особено значење е поддршката и искуството на САД при управување и контрола на миграционите текови, со акцент на хуманото третирање и заштита на правата на мигрантите, истакнал министерот Тошковски.

Во фокусот на разговорите на средбата било и прашањето за сајбер безбедноста, со оглед на зголемите закани во дигиталниот свет, при што, се додава во соопштението, заеднички било констатирано дека е неопходна соработка и во оваа област, споделување на информации и развивање на стратегии за заштита од сајбер напади.

- Оваа средба е уште еден значаен чекор кон зајакнување на билатералните односи и поставување на основа за понатамошна соработка во областите од заеднички интерес. Верувам дека преку вакви дијалози и партнерства ќе можеме да создадеме побезбедна и посигурна средина за нашата земја, потенцирал министерот Тошковски. цр/вг/

Фото: МВР

Остани поврзан