• четврток, 30 јануари 2025

Телеграма со сочувство од КОВЗРГ до Албанската православна црква по повод упокојувањето на г. Анастасиј

Телеграма со сочувство од КОВЗРГ до Албанската православна црква по повод  упокојувањето на г. Анастасиј

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) Оливера Трајковска испрати телеграма со сочувство до Светиот архиерејски синод на Православната црква на Република Албанија, до свештенстовото и до православните верници по повод упокојувањето на архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, г. Анастасиј (Јанулатос).

-Дозволете ми од името на македонските граѓани и од мое лично име како директор на македонската Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи да го изразиме нашето сочувство со Албанската православна црква и албанскиот православен народ поради упокоението на нејзиниот Поглавар, г. Анастасиј (Јанулатос), Архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија, наведува  Трајковска.

Според неа, Албанската помесна црква овие денови се соочува со загуба од натчовечки размери.

-Изразувам длабоко сочувство до Вас и со нажалено срце станувам дел од Вашите молитви.Смртта на неговото Блаженство архиепископот Анастасиј е загуба на еден духовен татко на една Помесна црква, загуба на еден народ, загуба на целата Вселенска црква. Блаженоупокоениот архиепископ чија што евангелска дејност беше препознаена, посведочена и афирмирана од цела православна и христијанска екумена, го красеше одлика на вистинска човечност, пожртвуваност и умносрдечност. Бог да му подари Царство небесно на новопретставениот архиепископ г. Анастасиј, а споменот на земјата да му биде вечен, пишува Трајковска во телеграмата. мч/дма/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан