Тошковски: Континуирана обука на вработените во МВР за зајакната стручност и професионалност ќе донесе поголема безбедност за граѓаните
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР го посетија Центарот за обука на МВР. Тошковски, како што информираат од неговиот кабинет, потенцирал дека континуираната обука на вработените во МВР ќе донесе поголема безбедност за граѓаните.
Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР го посетија Центарот за обука на МВР. Тошковски, како што информираат од неговиот кабинет, потенцирал дека континуираната обука на вработените во МВР ќе донесе поголема безбедност за граѓаните.
Тој информираше дека во моментот се реконструираат дел од објектите на Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници.
-Наша амбиција е да го унапредиме Центарот за обука во модерен центар за полициска обука, кој ќе прерасне во регионален центар за обука на кадри од областа на безбедноста. Во минатото не бил ставен доволен акцент на континуираноста на обуките и на тој дел посветено ќе се работи, посочил Тошковски за време на посетата.
Тој нагласил дека ќе изградат систем на континуирана обука на полициските службеници и вработените во Министерството за внатрешни работи, со што ќе се зајакне стручноста и професионализмот на целата институција која е надлежна за безбедноста, како основа за подобар квалитет на живот на сите граѓани.бт/аа/
Фото: МВР