• среда, 24 јули 2024

Тиквеш со четири гола предност оди на реваншот кај австриски Кремс

Тиквеш со четири гола предност оди на реваншот кај австриски Кремс

Кавадарци, 16 октомври 2023 (МИА) – Ракометарите на Тиквеш вчеравечер го победија тимот на Кремс од Австрија со 33:29 во првиот натпревар од втората рунда во Европскиот куп.

Бодрени од бучните домашни навивачи, кавадарчани во текот на натпреварот имаа и седум голови предност, но на крајот мораа да се задоволат со плус четири.

Најзаслужен за победата на Тиквеш беше Обина Ани кој постигна десет гола.

За тимот од Кавадарци ова воедно е и прва победа во европските натпреварувања по пауза од 13 години.

Реваншот во Австрија ќе се игра во сабота. зс/

Фото: Фејсбук ГРК Тиквеш

Остани поврзан