Тешка сообраќајна незгода кај Охрид
- Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум, на крстосницата кај населбата Рача на излезот од Охрид.

Охрид, 8 март 2025 (МИА) - Тешка сообраќајна несреќа попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум, на крстосницата кај населбата Рача на излезот од Охрид.
Според првичните информации, има жртва во несреќата, но се уште се чека на извештајот од увидот што е во тек.
Сообраќајот на магистралниот патен правец е во прекин. Инаку, поради празничниот викенд моментално сообраќајот на тој патен правец е со засилен интензитет, со голем број возила на гости и туристи. аб/лв/
фото/МИА