Тен Хаг ги потврди лошите вести за Манчестер Јунајтед
- Повредата на левиот бек, Лук Шо е покомплицирана од очекуваното и тој нема да може да игра на неделниот дуел со Брајтон од последното коло во Премиер лигата, призна менаџерот Ерик тен Хаг.
Манчестер, 17 мај 2024 (МИА) - Повредата на левиот бек, Лук Шо е покомплицирана од очекуваното и тој нема да може да игра на неделниот дуел со Брајтон од последното коло во Премиер лигата, призна менаџерот Ерик тен Хаг.
Оваа сезона, 28-годишниот дефанзивец има само 15 настапи за Манчестер Јунајтед. Тој моментално има повреда на мускулот и се очекуваше да се врати на терените пред крајот на сезоната, но се чини дека тоа нема да се случи. Сепак, постојат некои шанси англискиот репрезентативец да биде во тимот за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити на 25 мај на „Вембли“.
Победата над Сити во финалето ќе го одведе Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Во спротивно, „црвените ѓаволи“ ќе се надеваат дека ќе забележат подобар резултат против Брајтон отколку Њукасл против Брентфорд, за да се искачат на седмото место во Премиер лигата и да остварат пласман во Конференциската лига.
-Не можам да кажам дали Хари Мегваер или Лук Шо ќе играат за Англија на Европското првенство. Но, се надеваме дека и двајцата ќе бидат во ред за финалето на „Вембли“. Хари има поголеми шанси да учествува на натпреварот. Со Лук ситуацијата е посложена и да речеме дека има минимални шанси да игра, изјави Тен Хаг.
Тој исто така откри дека централните бекови Рафаел Варан и Виктор Линделоф веќе тренираат и најверојатно ќе бидат достапни за настап против Манчестер Сити. Ова е дополнителен бонус кон враќањето на Лисандро Мартинез. Аргентинецот се појави против Њукасл во неделата по долгиот третман на повреда. дс
Фото: Архива