• недела, 09 март 2025

Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната

Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната

Вашингтон, 8 март 2025 (МИА) – Американскиот Стејт департмент соопшти дека американскиот државен секретар Марко Рубио доцна синоќа телефонски разговарал со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.

За време на разговорот, Рубио му рекол на Сибиха дека американскиот претседател Доналд Трамп е решен да стави крај на руско-украинската војна што е можно поскоро.

Според Стејт департментот, Рубио ја нагласил целта на Трамп за брзо завршување на тригодишната војна и нагласил дека „сите страни мора да преземат чекори за да обезбедат одржлив мир“. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан