• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тајландскa премиерка Шинаватра: Луѓето можат да се вратат во своите домови

Тајландскa премиерка Шинаватра: Луѓето можат да се вратат во своите домови

Бангкок, 28 март 2025 (МИА) - Ситуацијата во Тајланд „почнува да се смирува“ и граѓаните можат да се вратат во затворените простори, изјави тајландската премиерка Паетонгтарн Шинаватра, по силниот земјотрес во Мјанмар кој предизвика уривање зграда, затворање на училиштата и прогласување „вонредна состојба“ во Бангкок.

„Сега е безбедно сите да се вратат во своите домови. Има проблеми со зградите кои беа во изградба, каде што и статиката и стабилноста на ѕидовите се под знак прашалник, се вели во соопштението на Шинаватра.

Таа рече дека по земјотресот биле регистрирани околу 12 последователни потреси, но дека нема опасност од цунами бидејќи епицентарот се наоѓал доволно длабоко во внатрешноста.

„Сакаме да ја смириме јавноста - дополнителните потреси нема да претставуваат сериозна закана. Жителите на повеќекатниците кои претрпеле помали оштетувања можат безбедно да се вратат во своите домови“, рече таа.

По земјотресот во Бангкок беше прогласена вонредна состојба, а на граѓаните од високите згради им беше наредено да се евакуираат. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан