• четврток, 05 септември 2024

Тахири: Курти е докажан антиамериканец, гротескна фигура која на Косово само штети му нанесе

Тахири: Курти е докажан антиамериканец, гротескна фигура која на Косово само штети му нанесе

Приштина, 5 септември 2024 (МИА) – Поранешната вицепремиерка, министерка за надворешни работи и главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири вели дека некоординацијата меѓу премиерот Албин Курти и Соединетите Американски Држави го остави северот на земјата, населен со мнозинство Срби, без суверенитет, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тахири за порталот „Газета Блиц“ изјави дека Курти е „докажан антиамериканец“ и дека од доаѓањето на власт му нанел само штети на Косово.

„Некоординацијата на Курти со Американците (за дејствијата) на север резултираше со негов стратешки неуспех, оставајќи го северот без суверенитет, каде што не работат ниту косовските судови, ниту општините, освен полицијата, која не е комплетна, бидејќи нема припадници на српското малцинство. Последиците за Косово ќе траат до неговото заминување, а најголемиот срам е што тој не се однесуваше како премиер, туку како гротескна политичка фигура која врши еднострани дејствија на север и потоа, кога е во неволја, ги моли Американците и КФОР да го бранат северот“, рече Тахири.

Според неа, Курти му нанел голема штета на Косово.

„Денес Косово е изолирано, оштетено, напаѓано и казнувано од главниот сојузник, Америка, која нé направи слободна и независна земја поддржувајќи ја нашата борба за независност“, рече Тахири.иа/ссм/

Остани поврзан