Британските власти ја чешлаат Ticketmaster по двојно зголемените цени на билетите за турнејата на Oasis
- Американската платформа за продажба на концертни билети, Ticketmaster, е под истрага започната од британските регулатори поради покачување на цените на билетите за најавената турнеја за повторно обединување на рок групата Oasis.
Вашингтон, 5 септември 2024 (МИА) - Американската платформа за продажба на концертни билети, Ticketmaster, е под истрага започната од британските регулатори поради покачување на цените на билетите за најавената турнеја за повторно обединување на рок групата Oasis.
Организацијата за конкуренција и пазари (Competition and Markets Authority) врши истрага дали продавачот на билети, подружница на Live Nation Entertainment, „се занимавал со нефер комерцијални практики“ при зголемување на цените за турнејата на бендот во 2025 година.
Изминатиот викенд стотици илјади фанови на Oasis со часови во дигитални редови додека веб-страницата на Ticketmaster беше преоптоварена од побарувачката на билети.
Некои фановите пријавиле дека чекале повеќе од 10 часа, за на крај да им бидат понудени билети по повеќе од двапати повисоки цени од оригиналната вредност.
Турнејата вклучува и неколку концерти на лондонскиот стадион Вембли со капацитет од 90.000 луѓе идното лето. Повторното обединување на бендот беше долго време беше очекувано по неговиот распад во 2009 година.
Првично, билетите за стоење за концертите на Вембли беа по цена од околу 150 фунти (околу 195 долари). Кога фановите конечно успеале да купат билети, биле известени дека Ticketmaster применува цени според „побарувачка“. Истите билети за стоење потоа биле наведени по цена од околу 465 долари секој.
Практиките на Ticketmaster се под истрага и судски тужби и во САД.
Министерството за правда на САД и група сојузни држави во мај поднесоа тужба против Live Nation, тврдејќи дека гигантот за концерти го користел својот монопол на билети за да ја потисне конкуренцијата и дека треба да биде распарчен.
Тужбата, поднесена во федерален суд во Њујорк, бара промени во деловните практики на компанијата, вклучително и барање до судијата ефективно да го поништи спојувањето на Live Nation и Ticketmaster од 2010 година.
Платформата за билети речиси целосно се урна лани поради огромната побарувачка кога започна продажбата на билети за турнејата „Eras“ на Тејлор Свифт. кб/