• сабота, 23 ноември 2024

Таблети за ученици од маргинализирани групи во рамки на проектот „Поддршка на ранливите категории во услови на Ковид-19“

Таблети за ученици од маргинализирани групи во рамки на проектот „Поддршка на ранливите категории во услови на Ковид-19“
Делчево, 22 октомври 2020 (МИА) - Со доделување таблети за маргинализирани групи и Роми, во Делчево заврши втората фаза од имплементацијата на проектот „Поддршка за ранливите категории во услови на Ковид-19“. Според предвидените активности на невладината организација „Тернипе МК“ од Делчево, денеска таблети за следење онлајн настава добија учениците од деветолетката „Св.Климент Охридски“.
- Заклучно со денешните 10 таблети, со проектот имаме опфатено вкупно 45  ученици од ранливите категории и ученици Роми од Делчево кои добија таблети. Обврска на учениците е таблетите да ги користат како алатка за полесно извршување на обврските кои ги наметнува онлајн наставата, истакна Зенил Реџепов од невладината „Тернипе МК“.
Советникот за образование во Општина Делчево Ванчо Новоселски потенцираше дека со оваа активност се олеснува комуникацијата на релација наставник - ученик.
- Овие таблети се од огромно означење за оние ученици кои досега немаа таква можност, за подобра онлајн комуникација со своите наставниците и класните раководителите, рече Новоселски.
Директорот на деветолетката Горан Димитровски се заблагодари на донацијата, изразувајки надеж дека соработката со невладината организација ќе продолжи и понатаму.
Невладината „Тернипе МК“ проектот „Поддршка за ранливите категории во услови на Ковид-19“ го реализира со поддршка од Владата на Република Северна Македонија.вс/фф/

Остани поврзан