• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во рускиот напад врз украинскиот град Суми повредени се 65 лица, меѓу кои 14 се деца, соопштија локалните власти (ДПЛ)

Во рускиот напад врз украинскиот град Суми повредени се 65 лица, меѓу кои 14 се деца, соопштија локалните власти (ДПЛ)

Киев, 24 март 2025 (МИА) - Бројот на повредени во денешниот руски ракетен напад врз украинскиот град Суми се искачи на 65 лица, меѓу кои 14 се деца, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на локалното обвинителство.

Руските сили „извршиле ракетен напад врз густо населена станбена зона во Суми“, објави обвинителството на Фејсбук.

Претходно агенциите објавија дека во рускиот напад е оштетен индустриски објект и болница во Суми, при што биле повредени најмалку 28 лица, меѓу кои четири деца.

„Непријателот изврши ракетен напад во центарот на градот. Имаше оштетувања на неколку катни згради и едно училиште. Децата се криеја“, рече Володимир Артиух, началникот на регионалната воена управа на Суми, во видео на Телеграм. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан