• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се уште не е познат мотивот за нападот со нож во Амстердам, министерот за правда Ван Вел не исклучува можност дека станува збор за тероризам

Се уште не е познат мотивот за нападот со нож во Амстердам, министерот за правда Ван Вел не исклучува можност дека станува збор за тероризам

Aмстердам, 28 март 2025 (МИА) - Се уште не е познат мотивот за нападот со нож што се случи вчера во центарот на Амстердам, во кој беа повредени пет лица, а министерот за правда Дејвид ван Вел не исклучува можност дека станува збор за терористички напад.

Осомничениот е во притвор, објави „НЛ Тајмс“.

Инцидентот се случил вчера околу 15 часот и 15 минути во близина на плоштадот Дам, кој е едно од најпосетуваните места во Амстердам, лоциран во неговото историското јадро и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата. рп/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан