• вторник, 24 декември 2024

Суд во Индија му одреди притвор на опозицискиот лидер Арвинд Кеџивал и покрај протестите ширум земјата

Суд во Индија му одреди притвор на опозицискиот лидер Арвинд Кеџивал и покрај протестите ширум земјата

Њу Делхи, 1 април 2024 (МИА) - Судот во Индија денеска нареди две недели притвор на опозицискиот лидер Арвинд Кејривал по истекот на неговиот 10-дневен притвор во федералниот затвор, потег за кој опозициските партии велат дека е дел од пресметките на премиерот Нарендра Моди со ривалите, во пресрет на парламентарните избори кои треба да се одржат овој месец.

Кеџивал е началник на Њу Делхи и лидер на Партијата Ам Адми (Партија на обичниот човек) која е дел од опозицискиот блок партии „Индија“ кој е главен предизвикувач на владејачката партија на Моди, Бхаратија Џаната.

Тој беше уапсен на 21 март од страна на федералната полиција контролирана од Владата на актуелниот индиски премиер Нарендра Моди, под обвинение дека тој и неговата партија примиле мито од една милијарда рупии (11 милиони евра) од добавувачи на алкохол пред речиси две години, што тие остро го негираат.

Неговото апсење предизвика масовни протести низ целата земја, а партијата Ам Адми објави дека Кеџивал ќе остане местото началник на Њу Делхи. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан