• недела, 28 јули 2024

Судири меѓу пакистанската полиција и поддржувачите на поранешниот премиер Кан

Судири меѓу пакистанската полиција и поддржувачите на поранешниот премиер Кан

Лахоре, 15 март 2023 (МИА) - Пакистанската полиција се судри со приврзаниците на поранешниот премиер Имран Кан кога државните безбедносни сили пристигнаа пред неговиот дом за да го уапсат затоа што не се појавил на суд по обвиненија за корупција, соопштија полицијата и официјални лица.

Полициската операција предизвика судири меѓу приврзаниците на Кан и полицијата во поголемите градови во земјата.

Полицијата во источниот град Лахоре планираше да му достави налог на Кан да се појави на суд подоцна оваа недела, но испукаа солзавец во куќа откако приврзаниците на 71-годишниот опозициски лидер ги гаѓаа со камења и цигли, што ја поттикна полицијата да  возврати со палки.

Соопштено е дека се повредени десетина полицајци и околу 35 приврзаници на Кан.

На Кан, кому му беше изгласана недоверба во Парламентот минатиот април, му беше наредено да се појави пред судија во Исламабад во петокот за да одговори на обвиненијата за прикривање имот и незаконска продажба на владините подароци што ги добил за време на неговиот мандат како премиер.

Поранешниот премиер избегнува да се појави во суд од ноември кога беше ранет во вооружен напад на протестен митинг во источната провинција Пенџаб, тврдејќи дека не е способен да патува од Лахоре до Исламабад за да се соочи со обвиненијата.

Кан тврди дека серијата судски случаи против него, кои вклучуваат обвиненија за тероризам, се заговор на владата на неговиот наследник, премиерот Шахбаз Шариф. ссм/

фото: Принтскрин

Остани поврзан