Судиите од штипското Апелациско подрачје гласаат за нов член на Судскиот совет
- Судиите од штипското Апелациско подрачје денеска гласаат за нов член на Судскиот совет од нивното подрачје. Гласачките места низ Основните судови во Апелацискиот суд во Штип се отворени во 8 часот, а се гласа за пет кандидати.
Штип, 11 декември 2024 (МИА) - Судиите од штипското Апелациско подрачје денеска гласаат за нов член на Судскиот совет од нивното подрачје. Гласачките места низ Основните судови во Апелацискиот суд во Штип се отворени во 8 часот, а се гласа за пет кандидати.
На гласачкото ливче се имињата на судиите Ацо Тасев од Основен суд-Штип, Мери Гичева од Основен суд-Штип, Невена Перица од Основен суд-Штип, Данка Ристова од Апелациски суд-Штип и Тони Делев од Апелациски суд-Штип.
Гласачките места се отворени до 15 часот, по што Комисиите кои ги има формирано Судскиот совет ги пребројува гласовите и го носи материјалот во Скопје. Право на глас имаат околу 40 судии од штипското Апелациски подрачје.
Новиот член на Судскиот совет ќе го заземе местото на судијата Лорета Ѓоргиева, на која и завршува мандатот како член на Судскиот совет од подрачјето на Апелацискиот суд-Штип. вдј/цр
Фото: МИА