Суарез сака да го раскине договорот со Гремио и да се пресели во Интер Мајами
- Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез по една година сака да го напушти бразилскиот тим. Според „ESPN“ 36-годишниот Уругваец сака да го напушти тимот и е подготвен да се откаже од 10 милиони долари од својата заработка.

Мајами, 19 јули 2023 (МИА) - Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез по една година сака да го напушти бразилскиот тим. Според „ESPN“ 36-годишниот Уругваец сака да го напушти тимот и е подготвен да се откаже од 10 милиони долари од својата заработка.
Суарез сака да му се приклучи на Интер Мајами, кај поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Серхио Бускетс.
Актуелниот договор на Суарез со Гремио е до 2024 година.
Порталот„ Transfermarkt“ го проценува Суарез на четири милиони евра. зс/
Фото: ЕПА