• сабота, 23 ноември 2024

Стручниот и обдукцискиот извештај треба да ги покажат причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола

Стручниот и обдукцискиот извештај треба да ги покажат причините за смртта на шестгодишното девојче во Битола

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Во тек е стручен надзор, а во меѓувреме се очекува извештајот од обдукцијата за смртта на шестгодишното девојче во Битола, по што може да се каже каква била причината за смртта на девојчето, изјави денеска на собраниска седница заменик-министерката за здравство Маја Манолева. 

Манолева одговараше на прашање на пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека некој мора да сноси одговорност доколку ја има за смртта на девојчето, но и за битолаченост кој почина од цистична фиброза

-Завршен е вонредниот инспекциски надозр на ДЗСИ, во теке е стручен надзор кој го иницираше Министерството за здравство, а во меѓувреме се очекува и обдукциониот наод којшто треба да ја даде точната причина за смртниот исход на шестгодишното девојче. Согласно сите овие информации и по доставување на институциите дури тогаш можеме да кажеме за каква причина за смрт за шестгодишното девојче се работи, рече Манолева.

Заменик-министерката за здравство одговарајќи на пратеничко прашање за набавката на „трикафта“ и ослободување на болните од цистична фиброза, рече дека по донесување на измените на соодветниот закон во Министерството за здравство е формирана работна група која ќе работи околу препораките за пациентите кои треба да примаат лек за цистична фиброза и на правилници за да може да се импелемнтира законот за директно преговарање и набавка на лекот трикафта за цистична фиброза, рече Манолева. 

Во однос на ослободувањето од партиципација на овие болни над 26 години, рече дека следуваат измени во Законот за здравствено осигурување за што рече дека ќе се потруди да бидат ставени во него. ев/са/ 

Остани поврзан