Струмичкиот Завод и музеј врши компјутерско исцртување на фрескоживописот во цркавата во село Смоларе
- Стручен тим од НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј-Струмица“ врши компјутерско исцртување на фрескоживописот во црквата „Света Троица“ во село Смоларе и создава целосна документација на авторскиот опус на роднокрајниот зограф Григориј Пецанов, еден од најзначајните црковни уметници од овој регион, информираа од установата.
Струмица, 17 јули 2025 (МИА) - Стручен тим од НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј-Струмица“ врши компјутерско исцртување на фрескоживописот во црквата „Света Троица“ во село Смоларе и создава целосна документација на авторскиот опус на роднокрајниот зограф Григориј Пецанов, еден од најзначајните црковни уметници од овој регион, информираа од установата.
Во информацијата се наведува дека црквата „Света Троица“ претставува важен споменик на духовната и културната традиција од 19 век, а нејзината внатрешност е целосно живописана со 55 иконографски претстави кои сведочат за исклучителното мајсторство на Пецанов и за стилските карактеристики на поствизантиската уметност во македонските простори.
Во стручниот тим, кој ја реализира оваа значајна документациска активност, се вклучени Зорица Костадинова, виш документатор, Даниела Дончева, фотограф, и Филип Ангелов, надворешен соработник.
-Со прецизен и систематски пристап, тимот работи на дигитално архивирање и визуелна анализа на фреските, што ќе овозможи нивна заштита, научна интерпретација и презентација пред пошироката јавност, информираа од „Завод и музеј Струмица“.
Инаку, овој проект е дел од пошироките напори за зачувување и промоција на културното наследство на Југоисточна Македонија, со акцент на локалните автори и нивниот придонес кон националната уметничка традиција.рт/са.
Фото: НУ Зaвод и музеј Струмица