Стојаноски: 18.000 нови работни места во последните шест квартали, економијата се движи во позитивна насока
- Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во изминатите шест квартали во Република Македонија се креирани околу 18.000 нови работни места, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
6 март 2026
Денес сакам да споделам неколку важни податоци кои јасно покажуваат во која насока се движи економијата и пазарот на труд во нашата држава. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во изминатите шест квартали во Република Македонија се креирани околу 18.000 нови работни места, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално.
Бројот на вработени порасна од околу 691 илјади на над 709 илјади граѓани кои денеска се во работен однос.
Ова е јасен показател дека економските политики даваат резултат и дека економскиот раст се претвора во реални можности за работа и подобар стандард за граѓаните.
Истовремено, овие позитивни трендови не се случајни. Тие се резултат и на инвестициите кои се реализираат во државата, особено во индустријата, инфраструктурата и технолошко-индустриските зони, но и на политиките на владата за меки кредити кон стопанството и успешниот план за раст.
Во моментов имаме договорени 17 инвестиции во ТИРЗ зоните, кои во наредниот период треба да донесат околу 5.000 нови работни места.
Тоа значи дека трендот на отворање нови работни места ќе продолжи и во наредниот период.
Паралелно со растот на вработеноста, се намалува и невработеноста.
Според последните податоци, стапката на невработеност е намалена на 11,4 проценти, што е значително подобрување во однос на претходните години.
Со други зборови, имаме повеќе луѓе кои работат, повеќе инвестиции во економијата и постепено намалување на невработеноста.
Нашата цел останува јасна – да продолжиме со политики кои носат инвестиции, отвораат нови работни места и создаваат стабилна економија во која граѓаните ќе имаат сигурност и перспектива.
Ќе продолжиме со поддршка на стопанството, со нови инвестиции и со мерки кои ќе придонесат за уште поголема вработеност и економски раст.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=XyazKqs3Oq8
https://www.swisstransfer.com/d/5fcd1048-eb6f-4fd6-af6a-54ae6f1a5bc1
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ