Почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за февруари
- Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од денеска е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година.
Скопје, 6 март 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека од денеска е почната исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година.
-Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, се вели во соопштението од Министерството.
Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. сст/дма/