• сабота, 23 ноември 2024

Стојаноски: Да ги изгласаме предлог-законите за акцизите и данокот на додадена вредност

Стојаноски: Да ги изгласаме предлог-законите за акцизите и данокот на додадена вредност
1 јуни 2022  Почитувани, Власта во текот на вчерашниот ден потврди дека нема допир со реалноста. За првпат во историјата литар бензин чини над 100 денари, а ни дизел горивото не заостанува многу и чини 95 денари за литар. Од утрово и цените на основните прехранбени производи брашно, зејтин, месо, јајца, леб, ориз, млеко се повисоки за најмалку 5%. Инфлацијата во април кога имаше некакви мерки беше 10,5%, колку ли ќе биде за јуни со вакво ценовно цунами кое ни се случува?! Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија познавајќи колку власта е неодговорна изработи два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022. Единствена цел на власта е успешно спроведување на операцијата спасување на владеачката коалиција, а граѓаните за жал се колатерална штета. Повикуваме за малку разум кај колегите од мнозинството и сите заедно на итна седница да ги изгласаме предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност. Цената за литар Еуросупер 95 е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар. Цената за литар Еуросупер 98 е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари. Цената за литар Еуродизел е 95 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 76 денари. Ваквото ноншалантно однесување за потребите на граѓаните од страна на СДСМ и ДУИ мора да биде казнето на предвремени парламентарни избори оваа есен. Токму затоа Ве повикуваме на 18ти јуни, да се видиме на протестот пред Влада и да им пратиме порака дека не ги бива и дека мора да си одат. Ви благодарам. Изјава за медиуми на Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан