• сабота, 23 ноември 2024

Српската министерка Ѓедовиќ на средба со грчки бизнисмени: Србија планира изградба на гасоводод и нафтовод преку Северна Македонија до Грција до 2027.

Српската министерка Ѓедовиќ на средба со грчки бизнисмени: Србија планира изградба на гасоводод и нафтовод преку Северна Македонија до Грција до 2027.

Белград, 12 февруари 2024 (МИА) - Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска, при презентацијата на развојните проекти на Србија на Српско-грчкиот бизнис форум во Белград, на кој присуствуваа претседателот Александар Вучиќ и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис меѓу останатото изјави дека Србија планира изградба на гасовод и нафтовод преку Северна Македонија до Грција до почетокот на специјализираната изложба ЕХПО 2027 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓедовиќ Хандановиќ истакна дека во гасниот сектор, по завршувањето на интерконекцијата со Бугарија на крајот на минатата година, Србија беше физички поврзана со изворите на гас од Каспискиот регион и ЛНГ терминалот во грчкото пристаниште Александрополис, „што значи дека Грција станува важен партнер на Србија во снабдувањето со гас“.

Таа додаде дека се планира изградба на уште два нови гасоводи со Северна Македонија и Романија, кои ќе бидат завршени пред почетокот на специјализираната изложба ЕКСПО 2027.

-Сите овие нови правци, освен што ќе придонесат за диверзификација на снабдувањето, ќе ја зајакнат позицијата на Србија како транзитна земја. Со завршувањето на Балканскиот тек станавме важна земја во снабдувањето со гас на земјите од Централна и Источна Европа, што се потврдува и по изградбата на гасната интерконекција со Бугарија, како и со идните интерконекции. Се наоѓаме на крстосница на гасните коридори во овој дел од Европа и ќе се стремиме да останеме кредибилен и доверлив партнер кој придонесува за регионалната енергетска безбедност во иднина, рече министерката.

Таа додаде дека Србија работи и на диверзификација на снабдувањето во нафтениот сектор, имајќи предвид дека снабдувањето во моментов се врши само од една насока, преку Јадранскиот гасовод.

-До почетокот на специјализираната изложба EXPO 2027, ќе изградиме нафтовод долг 128 километри со Унгарија, што дополнително ќе ја зголеми сигурноста во снабдувањето на домашната рафинерија и пазар. Разгледуваме и за поврзување со извори на нафта во Грција, преку Северна Македонија, за што подетално разговаравме денеска со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Сакаме да соработуваме со Грција и во оваа област, што дополнително би го диверзифицирало снабдувањето и би ја подобрило енергетската безбедност“, рече министерката Ѓедовиќ.

Вучиќ пред одржување на српско-грчкиот бизнис форум на прес конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека разговарале за осовременување на линијата и за брза пруга Белград-Солун преку Северна Македонија и за коридорот Пиреј-Будимпешта.

-Србија под покровителство на ЕУ ја гради брзата пруга Белград-Ниш, реконструкцијата на делницата кон Брестовац штотуку се завршува и ќе завршуваме се до границата со Северна Македонија. Премеирот Мицотакис ме информираше дека Грција работи и ќе ја заврши брзата пруга до Игуменица и до границата со Северна Македонија и за овој проект нашите министри имаа добри разговори, изјави Вучиќ.

Мицотакис посочи дека со претседателот на Србија разговарал за модернизација на пругата што ги поврзува Солун и Белград, како и за довршување на коридорот што ќе почнува од Пиреј, а ќе завршува во Будимпешта.

- Тоа е од стратешко значење не само за нашата земја, туку и за цела Југоисточна Европа. Во оваа смисла мора да ги искористиме и европските фондови кои се наменети за Западен Балкан. Во таа смисла, Грција го поттикнува практичното учество на ЕУ во развојот на инфраструктурата на Србија и на сите други земји на полуостровот, нагласи Мицотакис. об/ссм/

Остани поврзан