Средствата од концертот „Без зборови“ ќе бидат донирани за настраданите од пожарот во Кочани
- Филхармонија денеска соопшти дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Филхармонија денеска соопшти дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.
- Македонската филхармонија во овие тешки моменти за сите нас, сочувствува со семејствата на жртвите во страотната несреќа во Кочани. Ве информираме дека нашиот концерт „Без зборови“ во четврток на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан. Нека им е светол патот, сочувство до најблиските, болката е неизмерна, се вели во објавата на Филхармонија на нивната фејсбук страница. бт/бак/
Фото: МИА Архива