• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

„Мелнички иселенички средби 2025“ вечер во село Мелница

„Мелнички иселенички средби 2025“  вечер во село Мелница

Велес,25 јули 2025 (МИА) - Во селото Мелница, Општина Чашка, вечер  по трет пат ќе се одржат „Мелнички средби 2025“.  Настанот го организира Здружението на граѓани за граѓански иницијативи „МЕЛ – МЕЛ 2023“ од Мелница, „МАК–МЕЛ“ од Швајцарија и Германија  со поддршка од Општина Чашка.

Програмата ќе почне вечер од 18.30 часот со дефиле на фолклорните друштва низ село Мелница, а од  20.30 часот  е свеченото отворање. Потоа ќе се одржи и богата културно-уметничка програма со настап на девојки од село Мелница, потоа и на КУД „Тодор Јанев“ од Чашка.

Ќе настапи и Културно-уметничкото здружение „Карпош“ од Крива Паланка, а присутните ќе ги забавуваат и пејачите Сузана Гавазова, Цаки Кисми и бендот „Кисми“.

Организаторите покануваат на забава со македонски песни и ора и дружење. ад/хс/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан