Холандска вечер на „Охридско лето“ со гудачкиот квартет на кралскиот „Концертбау оркестар“ и Арно Питерс како солист на кларинет
- Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва во рамки на Холандската вечер го нуди концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет.

Охрид, 26 јули 2025 (МИА) – Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва во рамки на Холандската вечер го нуди концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет.
За вечерашниот концерт резервирана е сцената на Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.
На програмата се дела за кларинетски квинтет на Тристан Кеурис, Антонин Дворжак и Волфганг Амадеус Моцарт. аб/ев/
фото/Охридско лето