• понеделник, 22 јули 2024

Средношколците од штипското медицинско училиште од понеделник се враќаат на настава со физичко присуство

Средношколците од штипското медицинско училиште од понеделник се враќаат на настава со физичко присуство
Штип, 14 октомври 2022 (МИА) - По едномесечна онлајн настава, од понеделник во  училишните клупи се враќаат и средношколците од  медицинско училиште „Јане Сандански" во Штип. Директорката на СОУ „Јане Сандански", Марија Николиќ вели дека проблемот со парното греење е решен и  упати благодарност до сите вработени, ученици и родители за трпеливвоста и поддршката.
-Од 12 септември со почетокот на учебната година останавме на он лајн настава поради санација на системот за парно греење. Ги известуваме учениците, родителите и наставниците дека од понеделник 17 октомври се враќаме на редовна настава со физичко присуство,вели Николиќ.
Проблемот со системот за парно греење во штипското медицинско училиште се провлекува од минатата година. Сега со средства од Општината  е направена целосна санација и реконструкција, со што се решава проблемот за наредните 30 години.
-По завршување проектот санација и реконструкција на системот за парно греење можеме да кажеме дека сме подготвени за нормално функционирање на наставата. Се работи за стар проблем во училиштето кој го имавме и претходната година, кон крајот на декември месец имавме хаварија на системот за парно греење и останавме и тогаш на он лајн настава. Сега со поддршка на Општина Штип добивме средства од 2.200.000 денари и успеавме да направиме комплетна реконструкција, додава Николиќ.
Онлајн наставата се воведе со цел да се заштитат и учениците и наставниците додека се извршуваат работни активности за поправка на парно системот. Овој систем беше со дотраена инсталација и истиот не беше променет 36 години, исто колку што и постои училиштето. вдј/

Остани поврзан