• среда, 25 декември 2024

Средби со најмладите, превентивни активности за сообраќајна безбедност, превенција од пожари...

Средби со најмладите, превентивни активности за сообраќајна безбедност, превенција од пожари...

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од повеќе организациони единици од Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Штип и Струмица во текот на вчерашниот ден реализирале превентивни активности на различни теми, претежно посветени на најмладите по повод „Детската недела“, како и од областа на сообраќајната безбедност, заштитата од имотни деликти, превенцијата од пожари и бесправната сеча на шуми.

Од МВР денеска соопштија дека на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Струмица и Штип, односно во Радовиш и во Берово, по повод „Детската недела“, полициските службеници од ОВР Радовиш биле домаќини на дечиња од детската градинка „Ацо Караманов“, објект „Цветови“ од Радовиш, додека во посета на ОВР Берово беа децата од градинката „23 Август“ од Берово.

Децата имале можност да се запознаат со професијата полициски службеник, со дел од полициските овластувања и работни задачи, особено за улогата на сообраќајниот полицаец и полицаецот позорникар, а дополнително им биле презентирани и дел од материјално-техничките средства и опремата што ја користат полициските службеници и полициските возила.

Во Битола, пак, односно во основните училишта „Тодор Ангелевски“, „Ѓорѓи Сугарев“ и „Трифун Пановски“ за првачињата биле организирани едукативни презентации на кои тие биле запознаени со сообраќајните правила и прописи важни за нив како пешаци или како велосипедисти.

Во Демир Хисар и во Ресен, исто така на подрачјето на СВР Битола, биле спроведени превентивни активности од областа на заштитата од пожари и од незаконска сеча на огревно дрво, како и од областа на превенција од имотни деликти во стопански објекти – кражби, разбојништва и измами.

И на подрачјето на СВР Велес, односно во Кавадарци, била реализирана активност од проектот „Безбедна заедница – мирна заедница“ насочена кон превенција и самозаштита од кражби и измами, пред сѐ кај повозрасните категории на граѓани. цр/са/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан