• четврток, 12 септември 2024

Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со шефицата на дипломатската канцеларија на Литванија во земјава, Дамбраускиене

Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со шефицата на дипломатската канцеларија на Литванија во земјава, Дамбраускиене

Скопје, 10 септември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков утрово оствариле средба со шефицата на дипломатската канцеларија на Република Литванија во земјава, Вилма Дамбраускиене.

На средбата, како што соопштија од Министерството за европски прашања, соговорниците ги потврдиле пријателските односи и добрата билатерална соработка помеѓу двете земји. 

Министерот Муртезани го поздравил отворањето на дипломатската канцеларија на Литванија во Скопје, која отвора можности и перспективи за развој и продлабочување на односите. 

Дамбраускиене, стои во соопштението, ја потврдила цврстата поддршка на Литванија на Северна Македонија на нејзиниот евро-интегративен пат, која Литванија континуирано ја дава за земјите од Западен Балкан преку групата „Пријатели на проширувањето”, која работи на воведување на мерки за развој на економиите од регионот. 

- Литванија е важен партнер на Северна Македонија и сојузник во НАТО, посочуваат од Министерството за европски прашања. цр/дма/

Фото: Министерство за европски прашања

Остани поврзан