• среда, 27 ноември 2024

Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница

Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) – Собранието по целодневна расправа доцна попладнево со 58 гласа „за“ и 14 „против“ и без воздржани го утврди дневниот ред на 14-тата седница.

Со 62 гласа „за“ и 16 „против“ доцна попладнево Собранието го изгласа предлогот на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на 14-тата седница да се дополни со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Претходно претпладнево со 71 глас „за“ пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Собранието со  69 гласа  „за“, 17 „против“ и без воздржани, прифати по скратена постапка во рамките на 14-тата седница да се носи Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан