• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерката Божиновска со претставници на УСАИД

Средба на министерката Божиновска со претставници на УСАИД

Скопје, 25 јули 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со делегацијата на УСАИД, предводена од Џери Дибл.

На средбата, како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заеднички биле споделени важни стратешки приоритети на двете институции, пред се, за модернизација на енергетските капацитети и мапирање на идните проекти за соработка.

- Градењето одржлив, функционален и модерен енергетски систем останува највисок приоритет на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и УСАИД, се наведува во соопштението. дма/бак/

Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини 

Остани поврзан