• четврток, 26 декември 2024

Министерот Шабан Салиу на средба со невладините ромски организации

Министерот Шабан Салиу на средба со невладините ромски организации

Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Министерот за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, Шабан Салиу денеска во прес - центарот на Владата ќе одржи состанок со невладините ромски организации.

На состанокот, како што соопшти Кабинетот на министерот, ќе присуствуваат претставници на невладините организации кои ќе информираат за проектите што ги реализираат на терен, со акцент на клучните иницијативи и проекти за подобрување на социјалната и економската положба на ромската заедница. дма/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан